вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 52
home Ракомет

Голови за победа, голови за радост!

За секој гол Sport Life донира по 2.000 денари во хуманитарни цели
Голови за победа, голови за радост!

По повод светското ракометно првенство, под кампањата „Голови за победа, голови за радост“, Sport Life организираат хуманитарна акција, наградувајќи го секој гол на македонските ракометари со донација од 2000 денари. Донацијата ќе ја проследи до Детска здравствена установа, што претставува уште една причина зошто треба да навиваме и да ги бодриме нашите ракометари.

Моменталната состојба на постигнати голови на македонските ракометари и соодветниот износ кој Sport Life ќе го донира, може да се провери на следниот линк: https://sportlife.com.mk/golovizaradost

Во оваа акција, Sport Life како општествено одговорна компанија умешно ги поврзува радоста од успехот во спортот и можноста да се помогне каде е најпотребно.

Тие се единствени кои спроведуваат ваква кампања во моментов и кои ги мотивираат нашите репрезентативци за поголем број на голови и победи.

Затоа сите заедно да навиваме нашите репрезентативци да постигнат што повеќе голови до крајот на првенството, односно до 27.01.2019 година.