недела, 16. мај 2021. Вести денес: 88
home Ракомет

Голема победа на Вардар во Германија: Македонската гордост на чекор од Ф4 во Келн

Голема победа на Вардар во Германија: Македонската гордост на чекор од Ф4 во Келн

Европскиот шампион Вардар си 29:28 славеше над Кил на гостувањето во Германија во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Со оваа победа, Вардар си ги отвори вратите за пласман на Ф4 во Келн, каде ќе се обиде да го одбрани европскиот трон.

Во еден возбудлив и неизвесен меч, Вардар иако во последните минути беше во постојана негатива од 1-2 гола, сепак по една грешка на Германците во последниот напад кои напаѓаа за победа без голман, Хорхе Македа го постигна победоносниот гол.

Реваншот се игра за седум дена во Скопје.

наскоро поопширно…

Коронавирус