четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 117
МЕГА БОМБА

АУДИО: Објавена нова бомба за Заев – „Маме ќе им e*aм на сите што ќе влезат кај мене во коалиција“

home Ракомет

Гоце Георгиевски е најдобро десно крило во Романија

Гоце Георгиевски е најдобро десно крило во Романија

Искусниот македонски репрезентативец, Гоце Георгиевски го понесе признанието за најдобро десно крило во Романија.

Нашиот ас, член на ЧСМ Букурешт доби најмногу гласови во изборот на „Про Спорт“, односно се најде во идеалниот тим во кој уште беа Сеиад Хиедарирад (Динамо Букурешт), Милан Котрч (Баја Маре), Анте Кудуз (Динамо Букурешт), Камел Алуини (Динамо), Мариус Садовеак (Темишвар) и Немања Грбовиќ од Стеауа.

Хрватот Анте Кудуз беше прогласен за најкорисен играч за сезоната 2019/2020, најдобар млад ракометар е Чаба Ливиу, додека награда за најдобар дефанзивец замина кај Дан Савенко.

Геоергиевски од 2016 година игра во Романија, но има понуди да се врати во Македонија, па останува да видиме која ќе биде неговата одлука.

Парламентарни избори 2020