Ракомет Гидсел најдобар стрелец во ЛШ

Гисли Кристијансон е МВП на ракометниот Ф4 во Келн

Гисли Кристијансон е МВП на ракометниот Ф4 во Келн

Исландскиот ракометар од редовите на Магдебург, Гисли Кристијансон, официјално е избран за најкорисен играч (МВП) на завршниот турнир во Лигата на шампионите на ЕХФ.

Гисли беше одличен во двата натпревари во „Ланксес Арена“ во Келн и го предводеше својот тим до нова европска титула, а особено беше добар во финалето, каде постигна осум погодоци.

Најдобар стрелец во елитното натпреварување е Матијас Гидсел од Фуксе Берлин, кој беше вистински лидер на својот тим, иако доби црвен картон во полуфиналето после еден несмасен лизгачки старт.

Данскиот ракометар ја заврши сезоната со вкупно 137 погодоци и ефикасност од дури 72,2%.

To top