четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 0
home Ракомет

Германската ѕвезда пристигна во Скопје: Дисингер на маса со Самсоненко

Германската ѕвезда пристигна во Скопје: Дисингер на маса со Самсоненко

Македонскиот ракометен првак Вардар е на прагот да донесе големо засилување од Бундеслигата, во германскиот репрезентативец Кристијан Дисингер, кој бил забележан во Скопје, во друштво на првиот човек на „црвено-црните“, пишува порталот Гол.мк.

Според информациите до кои дојде Gol.mk, ракометарот и газдата на клубот Сергеј Самсоненко имале состанок во Хотел „Русија“, на кој се воделе преговори за трансфер на Дисингер во македонскиот ракометен гигант кој пред две години ја освои Лигата на шампионите.

Наводно, постои интерес и од двете страни за соработка, па останува да се договорат уште личните услови на Германецот кој пред неколку години се поврзуваше со трансфер во Вардар.

Повеќе на Гол