недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 87
home Ракомет

Германија на искуство ја реши Летонија, дебитантот со три порази го заврши ЕП

Германија на искуство ја реши Летонија, дебитантот со три порази го заврши ЕП

Ракометарите на Германија и го нанесоа третиот пораз на Летонија со 27-28 (11-16), на Европското првенство, во рамките на групата Ц која се игра во Трондхајм. Со ова тие практично се пласираа во следната фаза, освен во случај Холандија да ја изненади Шпанија со висока победа. Селекцијата во која игра вардарецот Даинис Кристопанс, го заврши својот настап со три порази.

Денешната победа беше обезбедена уште во финишот на првиот дел, кога го скршија почетниот отпор на Летонците. Во продолжението Кристопанс и соиграчите стигнаа до – 3, но немаа сили за изненадување.

Стартот на средбата беше изедначен, а почетната предност и припадна на Летонија. Некаде до десеттата минута Германија поведуваше, противникот израмнуваше, а во еден момент и минимално поведе. Сепак „панцирите“ уфрлија во брзина повеќе и со неколку мини серии направија солидна предност. До полувремето тие поведоа и со шест разлика, но по 30 минути резултатот беше 11-16.

По паузата работите на теренот не се променија. Германија ја одржуваше предноста и на моменти зголемуваше на највиско плус седум. Сепак некаде околу 50. минута, Летонците успеаа со 5-1 да се вратат најблиску на три голови негатива.

Следеше кризен период за Германците во кој имаа два исклучени ракометари, а тоа го искористи Кристопанс кој намали и на два негатива. Веќе во наредниот напад Кукса интервенираше и му овозможи напад на својот тим за минимална негатива. Вардаровиот бек во редовите на Летонија немаше среќа и погоди статива за минус еден.

Јурдш успеа во наредниот напад да погоди за 28-27, а пред Германците останаа 28 секунди за напад да ја заржат победата. Следеа повеќе прекини и фаули, а Кристопанс заработи и исклучување. Сепак искуството во рацете на избраниците на Прокоп се покажа како клучно во успехот.

Најефикасен играч на натпреварот беше Јулиус Кун со осум погодоци, додека Даинис Кристопанс имаше еден помалку. Меѓу стативите Кукса од Летонија запиша шест интервенции, додека Германецот Битер имаше пет.

извор: gol.mk