понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Ракомет

Гаџа и Векиќ го облекоа дресот на Вардар

Гаџа и Векиќ го облекоа дресот на  Вардар

Се уште актуелниот европски ракометен шампион Вардар, ги потврди двете најнови засилувања, Анте Гаџа и Јосип Векиќ, кои се меѓу последните во новиот проект на новиот сопственик Михајло Михајловски.

Гаџа се обврза на две години, додека Векиќ останува во Скопје до 2024 година.

Двајцата хрватски интернационалци доаѓаат од редовите на ППД Загреб, а ќе му се стават на располагање на тренерот Алушовски на првата прозивка. Гаџа настапува на средната бековска позиција, додека Векиќ е десен бек.

Коронавирус