вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 86
home Ракомет

Франција во финалето на Европското по убедливата победа над Холандија

Франција во финалето на Европското по убедливата победа над Холандија

Домаќините на Европското ракометно првенство за жени, Франција се пласираа во големото финале на шампионатот.

Светските шампионки доцна синоќа израдуваа околу 12.500 гледачи во салата „Акор Хотел Арена“ (поранешната сала „Берси“) во Париз, откако убедливо ја победија Холандија со 27:21 (12:11) во втората полуфиналната средба од турнирот.

Франција ќе се сретне со олимпискиот шампион Русија во финалето во недела. „Зборнаја“ ја надигра Романија со 28:22 во првото полуфинале и се пласираше во финалето на Европско за прв пат по 12 години.

И двата тима можат да ја освојат титулата за прв пат во својата историја. Финалето е утре (16 декември) од 17,30 часот по македонско време, а пред тоа од 14,00 часот ќе биде средбата за бронзениот медал меѓу Романија и Холандија.

Коронавирус