петок, 24. септември 2021. Вести денес: 127
home Ракомет

Франција пресилна за Бразил, Ландин ги сопре Египќаните

Франција пресилна за Бразил, Ландин ги сопре Египќаните

Еден од фаворитите за олимписко злато на машкиот ракометен турнир, селекијата на Франција на селекторот Гијом Жил и капитенот Никола Карабатиќ ја забележа втората победа во групната фаза. По триумфот против Аргентина, уште една јужноамериканска селекција го „положи оружјето“ пред „галските петли“. Франција го совлада Бразил со 34-29 (16-13) во дуел од групата А.

Во натпревар со голем број на голови, нешто поцврста беше француската одбрана и на почетокот од вториот дел ја направи одлучувачката разлика. Никола Карабатиќ и пивотменот Турна со по четири погодоци беа најефикасни во победничкиот табор, во кој скоро сите ракометари се запишаа меѓу стрелците. Кај „кариоките“ се истакнаа Чуфа и Родригез со по пет гола. Црвен картон заработи Тиагуш Петруш.

Исланѓанецот Гисласон ја запиша првата олимписка победа како селектор на Германија. Бундес-тимот ја надигра Аргентина со 33-25 (14-13). Со одлично второ полувреме германскиот тим го „скрши“ составот на Каденас. Најефикасни во победата беа Кастенинг и Шилер со по седум гола.

Данска го совлада Египет во дербито од второто коло на групата Б со 32-27. Хансен со девет и Гидсел со осум гола беа најдобри стрелци во таборот на Данска, но епитетот играч на натпреварот го понесе Никлас Ландин со 15 интервенции. Кај Египќаните шест погодоци постигна Ахмед Мохамед.

Коронавирус