вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 117
home Ракомет

Франција подобра од Србија во дербито на денот

Франција подобра од Србија во дербито на денот

Бранителот на трофејот Франција забележа убедлива победа над Србија во дербито на денешната програма на Светското ракометно првенство што с еигра во Германија и Данска.

„Триколорите“ без многу проблеми стигнаа до вториот триумф на Мундијалот и докажаа дека заедно со Германија се фаворити во А-групата и воопшто на првенството.

Резултати на натпреварите од 2.коло во групите А и Ц:

Австрија – Чиле 24:32
Русија – Кореја 34:27
Норвешка – Саудиска Арабија 40:21
Германија – Бразил 34:21
Данска – Тунис 36:22
Франција – Србија 32:21.

Табела А-група: Германија 4 бода, Франција 4, Русија 3, Србија 1, Бразил 0, Кореја 0.

Табела Ц-група: Данска 4 бода, Норвешка 4, Австрија 2, Чиле 2, Тунис 0, Саудиска Арабија 0