вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 118
home Ракомет

ФОТО: Врие полиција во Кожани, од што се плашат Грците?

ФОТО: Врие полиција во Кожани, од што се плашат Грците?

Македонските ракометари тргнаа кон салата во Кожани каде од 16:00 часот ќе се соочат со домашната Грција во вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Она што го вети домаќинот – го исполни. Безбедносните мерки се на високо ниво, а на улиците има повеќе полиција, од грчки навивачи. Ракометот во оваа земја не е на високо ниво, интересот не е огромен, а единствен „магнет“ би можела да биде нашиот национален тим, поради долгогодишниот спор.

Грција и Македонија веќе играа еднаш во минатото, во баражот за СП 2015, а и двата натпревари во Атина и Скопје ги добија „црвено-жолтите“.

 

Извор: gol.mk