сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 11
home Ракомет

ФОТО: Во Струмица нема Северна- на дресовите на ракометарите само Македонија!

ФОТО: Во Струмица нема Северна- на дресовите на ракометарите само Македонија!

Македонската ракометна репрезентација ја дочекува Грција во салата „Парк“ во Струмица во битка за одмазда и победа за освојување на првото место во квалификациската група, а ракометарите предводени од Кире Лазаров истрчаа во опрема на која пишува само – Македонија, објавува Спорт1.

Грците веќе со децении беа најгласни против употребата на името Македонија, се бунтуваа во минатото и за кодот МКД, кој го бришеа, па на крајот лани со преспанскиот договор се смени уставното име на нашата земја. Арно ама, денеска на теренот во салата „Парк“, ракометарите си истрчаа само со Македонија на својата опрема.

Лазаров и другарите бркаат триумф за да се одмаздат за срамот од Кожани во минатата година на стартот на овие евроквалификации за пласман на ЕП 2020.