понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 150
home Ракомет

ФОТО: Вардарец ги овековечи европските титули со епска тетоважа!

ФОТО: Вардарец ги овековечи европските титули со епска тетоважа!

Долго време ќе се памети успехот кој што Вардар го оствари на крајот од тековната сезона.

Со многу проблеми и големи сомнежи пред патувањето во Келн, вардаровите ракометари успеаја да го направат невозможното. Никој не очекуваше од нив да ја освојат втората европска титула во три години, но токму тоа тие го направија и уште еднаш ја обединија нашата држава.

Илјадници навивачи беа дел од дочекот и достојно го поздравија тимот на Роберто Гарсија Парондо.

Еден од нив се осмели да ги овековечи трофеите на својот омилен клуб со тетоважа. Дечкото се вика Андреј и е голем фан на „црвено-црните“, а беше и дел од завршниот турнир на Лигата на шампионите.

Тетоважата е направена во студио „Скинк“ во Скопје.

Извор: gol.mk