понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 105
home Ракомет

ФОТО: Талески ќе има посебна поддршка против „коцкестите“

ФОТО: Талески ќе има посебна поддршка против „коцкестите“

Македонскиот репрезентативец Филип Талески ќе има посебна поддршка од трибините на натпреварот против Хрватска кој во рамки на Светското првенство (СП) се игра во Минхен.

На трибините ќе бидат присутни неговата сопруга Ена, како и ќеркичката Софија, која се роди пред скоро време. Таа за првпат ќе биде на еден меч на тато и заедно со семејството ќе навива за него.

„Мојата најголема мотивација“, напиша Талески на социјалните мрежи и објави фотографија со своето семејство.

Талески на овој Мундијал носи и специјални патики на кое се изгравирани имињата на неговата сопруга, како и неговата ќерка. Дуелот меѓу Македонија и Хрватска се игра од 18:00 часот.

Извор: gol.mk