вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 149
home Ракомет

ФОТО: Сташ Скубе ги натскока сите во Келн

ФОТО: Сташ Скубе ги натскока сите во Келн

Организаторот на играта на Вардар, Сташ Скубе имаше одлични натпревари на завршниот турнир од Лигата на шампионите, а покрај тоа што одлично ја организираше играта тој успеа добро да се покаже и при одразувањето.

Скубе се вброи во група на ракометари кај кои беше забележан највисок одраз. Тој како и Сораиндо, Мем, Лекаи и Нилсон имаше 0,66 метри. Само еден сантиметар пониско се одразија неколку други ракометари на „црвено-црните“.

За да се измерат овие податоци на дресовие на Вардар имаше чипови, па оттаму има неколку категории во кои се добиени и резултати и рангирања.