петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 21
home Ракомет

ФОТО: Што правеа Данците кога акцијата завршуваше, при игра на „7 на 6“?

ФОТО: Што правеа Данците кога акцијата завршуваше, при игра на „7 на 6“?

Данската репрезентација постигна уште еден голем успех и вторпат во низа стана светски првак. Шведска беше за нијанса пократка за нов златен медал на Мундијалите и го „положи оружјето“ пред Микел Хансен и феноменалниот Никлас Ландин.

Тимот на Николај Јакобсен покажа уште еднаш дека е неколку чекори пред конкуренцијата. Ги победи сите ривали на светскиот собир и го заокружи турнирот со фантастични партии во полуфиналето и големото финале.

Хансен беше одличен, Ландин на голот запиша неколку клучни одбрани, а крилата речиси и да не погрешија. Во одредени периоди Данците играа „7 на 6“, за да се одлепат од противниците, а колку е разработена тактиката од страна на Јакобсен покажува следната фотографија.

На неа се забележува како реагираа данските ракометари, кога акцијата со играч повеќе беше на самиот крај. Тие трча на своето место и ја извршуваа зададената задача како да нема утре, што им овозможи брзи измени и нормално формирање на одбраната.

ЕУРО 2020

Македонија