четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 180
home Ракомет

ФОТО: Ракометарите ќе играат во импресивната сала „Каиро Индор комплекс“

ФОТО: Ракометарите ќе играат во импресивната сала „Каиро Индор комплекс“

Откако селекцијата на Чешка се откажа поради големиот број заболени со Ковид-19 и неможноста да собере доволно играчи за квалитетен настап Македонската ракометна репрезентација се пласираше на нејзиното место на СП во Египет.

Како прва резерва, нашата репрезентација добива шанса да биде дел до ракометниот мундијал. Националниот тим во следните два дена треба да патува за Египет.

Нашата репрезентација ќе игра во групата Г во која се репрезентациите на домаќинот, Шведска и на Чиле. За да обезбедиме место во следната фаза треба да бидеме до третата позиција на конечната табела во прелиминарниот групен сегмент.

Македонската ракометна репрезентација прпват на Светско првнество играше во 1999 година токму во Египет. Потоа бевме дел и од мундијалите ов Хрватска, во Шпанија, во Катар во Франција и во Данска и Германија во 2019 година.

Првиот натпревар го играме против Шведска веќе на 14 јануари, со Египет се срќаваме на 16 и со Чиле на 18 јануари.

Како 15-ти на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка, нашите ракометари го стекнаа третманот на прва резерва и сега ги чекаат инструкциите од ИХФ и веројатно утре ќе заминат за Египет. Предвиден е чартер лет за Каиро, а токму главниот град на Египет ќе биде наш дом во првата групна фаза.

Македонија ќе игра во „Каиро Индор комплекс“, објект кој делува импресивно и собира 16.200 гледачи. Ако ја мине групната фаза, Македонија би останала во Каиро и би играла во истиот објект и во втората фаза.

Коронавирус