вторник, 20. август 2019. Вести денес: 114
home Ракомет

ФОТО: Нов тренер, нови правила, ракометарите на Вардар тренираа на фудбалско игралиште

ФОТО: Нов тренер, нови правила, ракометарите на Вардар тренираа на фудбалско игралиште

Денес тимот на РК Вардар означи старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона.

Новиот тренер на Европскиот Шампион, Давид Писонеро најпрво во спортскиот центар Јане Сандански на половина час ги собра играчите, за претставување со медиумите, по што екипата се упати на фудбалскиот терен во населбата Јане Сандански, каде одржа мал кондициски тренинг под водство на Даниел Јуришиќ.

На првиот собир беа присутни сите нови засилување, додека недостасуваше само Мартин Поповски, а шанса да тренира со првиот тим ќе добие и младиот Дејан Кукуловски од Вардар Јуниор.

Нашиот медиум беше присутен на првиот тренинг на Вардар, од кој во продолжение ви донесува фотографии.