понеделник, 22. април 2019. Вести денес: 42
home Ракомет

ФОТО: Малото слатко детенце кое е страв и трепет за ракометниот свет

ФОТО: Малото слатко детенце кое е страв и трепет за ракометниот свет

Ракометниот свет во изминатиот месец имаше можност да ужива во перфектното издание на репрезентацијата на Данска на Светското првенство.

По палката на Николај Јакобсен на клупата и Микел Хансен на теренот, данските ракометари за првпат во својата историја се искачија на врвот на светот. Златниот медал го споделија со илјадниците фановите кои беа присутни во „Јиске Арена“ во Хернинг, каде што се одигра финалето против Норвешка.

Најдобриот играч и стрелец на шампионатот беше 31-годишниот Хансен кој стигна на еден чекор од безсмртност. Сега во кариерата ги има освоено сите одличја, со исклучот на титулата во Лигата на шампионите.

Во последните неколку години остана пократок со екипата на ПСЖ која оваа година се засили и на тренерската позиција со цел да го освои врвот на Европа. Македонскиот селектор Раул Гонзалез ќе се обиде на Париз да му го донесе успехот кој што го постигна со Вардар во 2017 година.

На социјалните мрежи на големо се зборува за успехот на Данците и феноменалното издание на левиот бек на светскиот собир. Некои од најверните фановите се потрудиле да „ископаат“ негова фотографија од детството која сигурно нема да ве остави рамнодушни.

Слаткото детенце кое се претвори во вистински ѕвер на ракометните терени ширум светот…

Извор: gol.mk