вторник, 19. ноември 2019. Вести денес: 58
home Ракомет

ФОТО: Македонските ракометари го растажија познатиот актер од хит серијата на Сител

ФОТО: Македонските ракометари го растажија познатиот актер од хит серијата на Сител

Црногорскиот актер Момчило Оташевиќ, кого македонската публика моментално го гледа во улогата на Ранко во серијата „Чиста љубов“ која се емитува на Сител телевизија, се појави на ракометниот меч одигран вчера помеѓу Македонија и Црна Гора, на кој победија нашите ракометари.

Момчило жестоко навиваше за репрезентацијата на својата земја и секое движење на ракометарите го следеше внимателно.

Македонија на крајот ја совлада Црна Гора со 29:28, а познатиот актер беше видно разочаран поради таквиот епилог.