Игор Карачиќ повторно е во Скопје, се врати „дома“, но овој пат во дресот на полски Киелце кој ќе игра со Вардар во Лигата на шампионите.
На повеќе од еден час пред натпреварот, играчите излегоа на загревање, а Карачиќ се поздрави со поранешните клупски колеги. Доби братски прегратки, а двете страни си порачаа – подобриот нека победи.
Карачиќ е вардарова икона, миленик на „Комитите“ и на публиката. Долги години го носеше „црвено-црниот“ дрес и беше важен дел од костурот на тимот кој освои две европски титули.
Трансферот во Киелце, Хрватот го направи пред стартот на оваа сезона.
извор: gol.mk