петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Ракомет

ФОТО: Лазаров не заборави на Загреб и испрати зборови за поддршка по земјотресот

ФОТО: Лазаров не заборави на Загреб и испрати зборови за поддршка по земјотресот

Во период кога светот минува низ тешки времиња поради епидемијата од коронавирусот, од Загреб одекна лоша вест. Главниот град на Хрватска беше погоден од најсилниот земјотрес во последните 140 години, кој нанесе голема штета на куќите постари од сто години во центарот на градот.

Навивачите на Динамо Загреб, „Бед Блу Бојси“, како и многу други волонтери се пријавија да помогнат на оние на кои што тоа им е најпотребно. На социјалните мрежи се појавија голем број пораки за поддршка на познати спортисти. Меѓу нив беше и нашиот Кирил Лазаров, кој дел од својата богата ракометна кариера ја помина во хрватската престолнина.

39-годишниот голгетер беше дел од РК Загреб во два наврати. Најпрво во 2000 година го напушти матичниот Пелистер за да го има првото интернационално искуство на хрватско тло. Првиот пат се задржа две години, а потоа по пет години поминати во Веспрем, тој одново се врати во Загреб. Овојпат беше дел од тимот од 2007-2010.

Хрватската лига ја освојуваше во седум наврати, а на Куп-трофејот му се радуваше пет пати.

Македонскиот репрезентативец напиша: „Поддршка за Загреб. Бидете силни.“

извор: gol.mk

Коронавирус