Игор Карачиќ имаше прекрасно добредојде од страна на навивачите на Вардар, популарните „Комити“ кои го скандираа неговото име, пред почетокот на мечот меѓу Вардар и Киелце за кого Хрватот во моментот настапува.
Некои работи не се забораваат, особено не емоцијата со која Карачиќ го носеше и се прости со црвено-црниот дрес.