сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Ракомет

ФОТО: Дисингер го облече „црвено-црниот“ дрес

ФОТО: Дисингер го облече „црвено-црниот“ дрес

Најновото засилување на македонскиот првак Вардар, Кристијан Дисингер, ја објави првата фотографија во „црвено-црната“ опрема која ќе ја носи во наредните две сезони.

Дисингер, кој настапува на левата бековска позиција, во Скопје пристигна од германскиот бундеслигаш Кил. Со нетрпение чекаше да ја облече вардаровата „униформа“ и да ја постави на социјалните мрежи.

„Време е за старт!“, напиша Дисингер и објави фотографија во дресот на македонскиот ракометен гигант.

 

 

Извор: gol.mk