недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 88
home Ракомет

ФОТО: Дибиров се дружеше со најмладите

ФОТО: Дибиров се дружеше со најмладите

Тимур Дибиров беше гостин во ООУ „Владо Тасевски“ и им раскажа на учениците како е да се биде европски првак, повторно. Трофејот освоен во Келн во Лигата на шампионите викендов беше дополнителен мотив за учениците да се фотографираат, а од Дибиров да побараат и автограм. Со солзи радосници, многу емоции, возбуда и среќа беше исполнет денот во училиштето.

„Среќни сме шт ни се исполни желбата. Учениците треба да имаат идол и звезда што ќе им биде пример. Имаме многу деца спортисти, а сега уште повеќе изразуваат желба да се занимаваат со спорт. Верувам дека и во нашето училиште ќе имаме ракометно школо што ќе биде дел од вардаровото ракометно семејство, изјави Елка Даскалова, директорката на ООУ „Владо Тасевски“.

Коронавирус