понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 145
home Ракомет

ФОТО: Блесна втората ѕвезда на вардаровото лого

ФОТО: Блесна втората ѕвезда на вардаровото лого

Европскиот и македонски ракометен првак Вардар од наредната сезона ќе има ново лого, поради освоената круна во ракометната Лига на шампиони на Ф4-турнирот кој се одигра во Келн.

Вардарци во 2017 година ја ставија првата ѕвездичка, а по грандиозниот настап на Ф4-турнирот и победите над Барселона, а потоа и Веспрем, ќе добијат уште една. Двете ѕвезди ќе стојат веднаш над логото и ќе ги симболизираат двете европски титули.

Вардар е единствениот македонски тим со две европски титули, а истовремено е и единствениот европски тим со три учества по ред на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите.

Извор: gol.mk