петок, 7. мај 2021. Вести денес: 169
home Ракомет

Филип Миркуловски: Оваа победа е важна за нас

Филип Миркуловски: Оваа победа е важна за нас

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Миркуловски изјави дека е задоволен со оствареното во квалификациите.

„Оваа победа е важна за нас, но исто така првпат имаме 10 бодови во квалификации, исто колку и Данска. Со убава и релаксирана игра стигнавме до победата, меѓутоа да беше ова поважен натпревар, можевме многу подобро.Имаме место за напредок. Влеговме во еден систем, сите ракометари разбираат како треба да играат. Треба да ја забрзаме нашата игра, а имаме доволно време до Европското првенство за да се подобриме. Засега добро ни оди, па мислам дека добар е овој концепт. Кога можеш да влезеш на теренот, може да ги оствариш и своите цели“, изјави искусниот ракометар.

Миркуловски вели дека не знае следната сезона дали ќе игра како ракометар или ќе биде тренер.

„Тоа е малку комплицирано прашање. Не е до мене, до клубот е, кој прави мали проблеми со ова доаѓањето за репрезентацијата. Јас им кажав дека за овие две квалификации ќе бидам присутен, но за во иднина не е познато. Треба да седнам и да разговарам со клубот и да се договориме дали ќе бидам играч или тренер, тоа е отворено прашање, но ќе видиме што ќе се случи“.

Коронавирус