вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 127
home Ракомет

Филип Кузманоски: Со Лазаров на терен тешко, без него уште потешко

Филип Кузманоски: Со Лазаров на терен тешко, без него уште потешко

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров и Филип Кузманоски со чаша пиво го прославија успешниот почеток на „црвено жолтите“ во квалификациите за Европското првенство, кое ќе се одржи во Словачка и Унгарија за две години. Македонија во првата рунда ја совлада Финска во Скопје, а вчеравечер славеше во Шафхаузен против селекцијата на Швајцарија.

Швајцарците во првото полувреме играа одбрана исклучиво на Лазаров кој не успеа да се разигра и да ги разигра македонските ракометари. Во вториот дел од улогата на лидер презеде Кузманоски кој во финишот постигна неколку важни погодоци и го симна товарот од плеќите на Лазаров.

Ова е многу важна победа. Исто така континуитетот на големите натпреварувања е многу важен за нас. Сакам да му се заблагодарам на капитенот што без разлика на годините е тука со нас и ни помогнува. Со него е тешко, без него уште потешко. Кога ќе се пензионира ќе ни треба време, но оптимист сум. Нема да биде лесно, пред нас ќе има голем притисок. – изјави Кузманоски за „Балкан Хендбол“.

Македонија квалификациите за пласман на Европското првенство ќе ги продолжи во март со двомечот со ракометниот гигант Данска.

Коронавирус