сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Татран во СЕХА лигата

Еурофарм Пелистер убедлив против Татран во СЕХА лигата

Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола успеа да забележи нова победа во рамките на регионалната СЕХА лига, откако во рамките на 3. коло со убедлив резултат го совладаа Татран со 28:16.

Битолчани со овој триумф дојдоа до петтата победа во низа во сите натпреварувања, а втора во СЕХА лигата.

Татран имаше подобар почеток на натпреварот и успеа да поведе со 3:5, но од тој момент, па се до крајот, битолчани воспоставија тотална доминација на теренот. Најпрво одговорија со серија од 6:0 за да го преземат водството, а предноста од четири голови разлика ја одржуваа се до крајот на првото полувреме, кога на паузата се замина со 11:7.

Во второто полувреме следуваше експлозија на избраниците на Жељко Бабиќ. Карим Хендави блескаше на голот, а одбраната овозможува Еурофарм Пелистер да доаѓа до лесни голови во нападот. Тоа резултираше и со првата двоциврена предност за пелистерци на натпреварот во 48. минута, кога дојдоа до предност од 22:12. По ова, останатите 10-тина минути беа чиста рутина за домашните ракометари.

Хендави натпреварот го заврши со 14 одбрани, а успеа да се запише и во листата на стрелците. Најефикасен во редовите на Е. Пелистер беше Граџан со седум погодоци, додека Периќ заврши со шест гола.

Коронавирус