четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер поразен од Татран Прешов

Еурофарм Пелистер поразен од Татран Прешов

Ракометниот клуб на Еурофарм Пелистер влезе во лоша резултатска серија, откако ги загуби двете битки со Магдебург во осминафиналето на Лига Европа и дербито со Вардар во домашниот шампионат, вечерва претрпе пораз од Татран Прешов во СЕХА лигата.

Клубот од Битола не успеа да се справи со домашниот тим кој во двете полувремиња беше подобар со истиот резултат 16-14 за конечни на крајот 32-28.
На мечот најдобар беше Периќ кој даде 10, а Мандалиниќ 7 погодоци. Кај победникот се истакнаа Рабек и Пачеко со по 7 погодоци.

Коронавирус