четврток, 22. април 2021. Вести денес: 115
home Ракомет

Еурофарм Пелистер остана без важен играч во продолжение од сезоната

Еурофарм Пелистер остана без важен играч во продолжение од сезоната

Битолски Еурофарм Пелистер остана без важен ракометар во периодот кој следи Марин Вегар мораше да замине на оперативен зафат, за да ги реши проблемите со рамото.

„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека ракометарот Марин Вегар успешно е опериран во Загреб, по повредата на рамото која ја влечеше подолг период. Зафатот мина во најдобар ред и ракометарот го започна планот на заздравување. Клубот му посакува брзо заздравување и скоро враќање на терените“, се вели во соопштението на клубот од Битола.

Вегар веројатно нема да заигра до крајот на сезоната и ќе се врати на терените во шампионатот 2021/22.

Коронавирус