сабота, 4. декември 2021. Вести денес: 17
home Ракомет

Еурофарм Пелистер од вториот шешир ја чека ждрепката за групната фаза на ЕЛ

Еурофарм Пелистер од вториот шешир ја чека ждрепката за групната фаза на ЕЛ

Екипата на Еурофарм Пелистер ќе биде единствениот претставник на Македон ија во групната фаза на Европската лига на ЕХФ.

Во пресрет на утрешната ждрепка за групите во второто по ранг натпреварување на ЕХФ, пелистерци се сместени во вториот шешир. Тоа би значело дека нема да може да играат против Савехов, Винтертур и Чеховски Медведи, а ќе налетаат на еден од Магдебург, Бидасоа,Татабања или Нант на Кирил Лазаров кои се во првиот шешир.

Шешир 1: Магдебург (Германија), Нант (Франција), Бидасоа Ирун (Шпанија), Татабања (Унгарија)

Шешир 2: Савехоф (Шведска), Еурофарм Пелистер (Македонија), Винтертур (Швајцарија), Чеховски медведи (Русија)

Шешир 3: Горење (Словенија), АЕК Атина (Грција), Татран Прешов (Словачка), Кокс (Финска).

Шешир 4: Фуксе Берлин (Германија), Екс Прованс (Франција), Лемго (Германија), Спортинг (Португалија)

Шешир 5: Ним (Франција), Висла Плок (Полска), ГОГ Гудме (Данска), Бенфика (Португалија)

Шешир 6: Нексе Нашице (Хрватска), Натурхаус Ла Риоха (Шпанија), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Тулуз (Франција)

Ждрепката ќе се одржи в четврток со почеток од 11:00 часот во просториите на ЕХФ во Виена. Стартот на Европската лига е планиран за 19 октомври, со дуелите од првото коло.

Коронавирус