четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Ракомет

Еурофарм Пелистер го совлада Охрид

Еурофарм Пелистер го совлада Охрид

Ракометарите на битолски Еурофарм Пелистер запишаа нова победа во плеј-офот на Суперлигата, откако како гости со 20-24 (9-11) беа поуспешни од Охрид.

Со оваа победа битолскиот суперлигаш одново се врати на негатива од три бода во однос на шампионот Вардар, кој првиот дел од разигрувањето го заврши со максимални седум победи од исто толку натпревари.

Најдобар поединец во редовите на Еурофарм Пелистер беше организаторот на играта Јосип Периќ со шест гола, два помалку запиша Кушан, а три реализира Мараш. Кај Охрид, Тот броеше до шест, додека Манасков реализира петпати

Коронавирус