вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Ракомет

Еурофарм Пелистер го победи Бутел во Скопје

Еурофарм Пелистер го победи Бутел во Скопје

Битолски Еурофарм Пелистер славеше на гости кај Бутел од Скопје со (26-29) во рамките на 9.коло во ракометната машка Суперлига.

Домашните ракометари успеаја да дадат соодветен отпор на битолчани, но квалитетот на Еурофарм Пелистер дојде до израз во втората половина од првиот дел, па гостите заминаа на полувремето со предност од 8-11. Во второто полувреме низ рутинска игра, се одржуваше предноста на Еурофарм Пелистер за на крајот повеќе од заслужена победа од три гола разлика.

Еурофарм Пелистер ја запиша и осмата победа во плејофот од Суперлигата и е на само една победа зад водечкиот Вардар во пресрет на Купот на Македонија,како и дерби мечот кој ќе се одигра со актуелниот шампион во Битола.

 

ЕУРО 2020

Македонија