четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер без најдобрите двајца против ГОГ Гудме

Еурофарм Пелистер без најдобрите двајца против ГОГ Гудме

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер нанижа три победи по ред во групата Д на Европската лига и значително ги зголеми шансите за пласман на едно од првите четири места во групата, кои водат во осминафиналето. и.

Следните два натпревари пелистерци ги играат во Битола, против ГОГ Гудме и Рајн Некар Ловен во групата кои еднаш го совладаа македонскиот вицешампион.

Жељко Бабиќ ќе има сериозни проблеми за креирање на тимот во вторник навечер, бидејќи скоро сигурно Еурофарм Пелистер против ГОГ Гудме ќе настапи без Хрватите Стипе Мандалиниќ и Томислам Кушан. Првиот има повреда на стомачниот ѕид, а вториот на грбот.

Кога на овие проблеми ќе го додадеме и отсуството на Бојан Маџовски кој вчера го оперираше прстот, извесно е дека Бабиќ на некои места нема да има право на избор. Се очекува враќање на Мартин Велковски, кој не играше во Загреб и на двомечот против Татабања..

Натпреварот Еурофарм Пелистер – ГОГ Гудме се игра во вторник од 20:45 часот, а една недела подоцна во Битола гостува и бундеслигашот Рајн Некар Левен.

ЕУРО 2020

Македонија