вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 66
home Ракомет

Еурофарм купува „три четвртини“ од Пелистер, новиот битолски џин со буџет од – милион евра!

Еурофарм купува „три четвртини“ од Пелистер, новиот битолски џин со буџет од – милион евра!

Најавената фузија на двата битолски ракометни прволигаши се ближи кон крајот и најверојатно ќе се случи в четврток, за кога е најавена реализација на „платформата за ракометна Битола“ која челниците на Еурофарм Работник ја доставија до општина Битола, а со која се предвидува откупување на акциите на Пелистер.

Битолските советници прифатија да продадат 75-отсто од акциите во ракометната гордост на градот, а остатокот да остане во сопственост на општината.

„Наш предлог е сопственичката структура на двата клуба да биде една, а да опстојуваат два клуба – еден ќе биде европски силен, а другиот база на млади битолски ракометари. Бараме СЕХА лигата и Лигата на шампионите да се играат во салата во Битола. Дел од грбот ќе биде зелен, а бојата на дресовите, според платформата, ќе биде сино-бела, бидејќи таа била пријавена во Лигата на шампионите. Од следната сезона клубот би имал два дреса, сино-бел и зелено-бел“, рече Валентин Груевски, претседател на Советот на општина Битола.

Акциите на РК Пелистер што треба да ги преземе Е. Работник чинат околу 18.000 евра. Во однос на финансирањето, општината би продолжила за дава 15 милиони денари, а „Еурофарм“ ќе треба да обезбеди најмалку 45 милиони денари. Со ова, како што рече Груевски, ќе се создаде ракометен џин со буџет од еден милион евра.

Една од бенефициите на новиот ракометен џин е тоа што ќе има приоритет во користењето на салата „Боро Чурлевски“, која е во сопственост на општината, која останува акционер во новиот клуб поради што нема да се плаќа надмост.