петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 107
home Ракомет

ЕП ракомет 2020: Комплетиран првиот ден

ЕП ракомет 2020: Комплетиран првиот ден

Со четирите натпревари одиграни денеска почна 14.то Европско првенство во ракомет. На првиот ден беа одиграни по два натпревара од групите А и Ц.
Во Грац во рамките од група А Хрватска очекувано ја победи Црна Гора со 27:21, а најефикасен беше Лука Циндриќ со 6 голови. Изненадување направи Белорусија со победата над Србија со 35:30.

Во групата Ц во Тројндхајм европскиот првак Шпанија го совлада дебитантот Летонија со 33:22, а најефикасен кај Летонија беше вардарецот Криштопанс со 7 голови. Во вториот дуел од групата Германија ја совлада Холандија со 34:23.

Утре се играат шест натпревари меѓу кои и дуелот Македонија – Украина во Виена.

Коронавирус