четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 16
home Ракомет

Ентрериос: Знаеме како е да се победи Македонија, но сега го имаат Раул

Ентрериос: Знаеме како е да се победи Македонија, но сега го имаат Раул

Еден од најдобрите и најискусни ракометари на шпанската селекција Раул Ентрериос смета дека неговиот сонародник на клупата на Македонија, селекторот Раул Гонзалез успеал да наметне нов стил на игра на црвено-жолтите со кој Македонија станува исклучително конкурентна репрезентација.

– Знаеме како е да се победи Македонија. Но, годинава има една разлика во однос на претходните, а тоа е Раул Гонзалез. Тој постави сличен стил на игра како и во Вардар, со кого видовме што направи минатата година. Раул има огромно влијание на своите играчи, кои сепак не се исти како оние во Вардар – изјави ракометарот на Барселона и шпанската селекција.

Триесет и шестгодишниот среден бек на „црвената фурија“, не ги криеше амбициите на својата селекција, за најмалку пласман во полуфиналето, а потоа атак на медалите.

Но, дали ќе биде така останува да се виде, пред се по првиот претстоен меч кој Шпанците ќе го одиграат вечерва од 20:30 часот и тоа против досега не поразената Македонија.

Коронавирус