недела, 22. јули 2018. Вести денес: 57
home Ракомет

ЕМОТИВНО ВИДЕО: Публиката скандираше, Вардарки со солзи се простија од „Јане Сандански“

ЕМОТИВНО ВИДЕО: Публиката скандираше, Вардарки со солзи се простија од „Јане Сандански“

Македонскиот женски ракометен првак, Вардар, по рекорден петти пат избори пласман на Ф4 турнирот во Лигата на шампионките.

Денешната победа имаше големо емотивно влијание по првотимките кои од следната сезона ќе играат во други клубови.

Четириилјадната публика во „Јане Сандански“ долго време остана да ги поздрави своите миленички кои последен пат во овој состав настапија на домашен терен во ЛШ. Кај повеќето ракометарки емоциите беа видливи и тие не можеа да ги сопрат солзите.