вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 125
home Ракомет

Екс играч на Вардар ја заврши кариерата

Екс играч на Вардар ја заврши кариерата

Белорусинот со руски пасош, Сергеј Горбок, објави крај на кариерата

Белорускиот ракометар што има и руски пасош и настапи за репрезентацијата на Русија, Сергеј Горбок, објави крај на кариерата.
Горбок по разделбата со Вардар беше на крстосница, дали да игра уште или не, но како објавува белорускиот Пресбал, Горбок решил да ја заврши кариерата.

Сергеј Горбок (37) во два наврата стана играч на Вардар, си го одработи својот дел од работата постигна неколку голови во клучни моменти за Вардар со што го оправда својот статус во клубот.

Останува да живее во Скопје, тука има свој бизнис почнат додека играше, работи како кондициски тренер, и а неговите ќерки близначки веќе се адаптирани на животот овде.

Коронавирус