понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Ракомет

ЕХФ ШАМПИОНАТ У18: Македонија со пет победи од пет меча ја заврши групната фаза

ЕХФ ШАМПИОНАТ У18: Македонија со пет победи од пет меча ја заврши групната фаза

Македонската ракометна репрезентација со максимални пет победи ја заврши групната фаза на Европското првенство за играчи до 18 години што се одржува во Грузија.

„Црвено-жолтите“ попладнево ја совладаа Естонија со 26:22 за потврда на 1.место во А-групата.

Македонската селекција како првопласирана од групата се пласира во полуфиналето.

Противник на избраниците на селекторот Данило Брестовац во полуфиналната фаза ќе биде второпласираниот од Б-групата, а ќе се знае вечерва по одигрување на натпреварот меѓу Белорусија и Италија. (МИА)