среда, 22. март 2023. Вести денес: 44
home Ракомет

ЕХФ се пошегува со Јоновски: Кога мајка ви ќе ве праша да ги измиете садовите… (ВИДЕО)

ЕХФ се пошегува со Јоновски: Кога мајка ви ќе ве праша да ги измиете садовите… (ВИДЕО)

Словенија беше совладана, Македонија одигра одличен натпревар посебно во одбраната, а секако тука е секогаш одличниот Ацо Јоновски.

Јоновски долги години ги брани боите на нашата репрезентатација, одличен беше и во вчерашниот натпревар. Сепак, ЕХФ пронајде ситуација во која во главна улога е токму тој.

На Твитер профилот беше објавено видео од нашиот ракометар со натпис: „Кога мајка ви ќе ве праша да ги измиете садовите“…Погледнете.

Јоновски: Секогаш сум тука за Македонија, силно посакувам успешно ЕП

Македонија е во исчекување на уште еден голем настан – ракометното Европско првенство (ЕП) во Хрватска, а токму одбраната, во која кумува искусниот Ацо Јоновски, треба да е адут на Раул Гонзалез на ова натпреварување.

Стружанецот се враќа во репрезентацијата на Македонија на големите натпреварувања откако го пропушти Европското првенство кое се одигра во Франција под водство на Червар како селектор, но потенцира дека да го заборави тоа искуство и вели дека секогаш ќе е тука за нашата земја.

„Јас сум секогаш тука за македонската репрезентација, веќе 15 години сум со соиграчите и секогаш ќе се јавувам на повиците кога треба да помогнам. Додека ме држи здравјето, ќе играм во овој дрес“, дециден е Јоновски.

Според македонскиот репрезентативец, „црвено-жолтите“ треба да играат добра одбрана, ако сакаат да се надеваат на успех во првата фаза на првенството.

„Одбраната секогаш е еден од главните адути на Македонија на големите натпреварувања. Без одбрана нема квалитетен натпревар. Некако може да ги компензираме сите работи на ЕП, но добрата одбрана мора заедно да ја одиграме“, додава тој.

loading...