недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 65
home Ракомет

ЕХФ пресече: Вујовиќ и литванските судии ќе бидат исфрлени од ЕП?

ЕХФ пресече: Вујовиќ и литванските судии ќе бидат исфрлени од ЕП?

Веселин Вујовиќ, селекторот на словенечката ракометна репезентација и литванските судии кои ја делеа правдата на мечот Словенија- Германија би можеле да бидат исфрлени од Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Хрватска, шпекулираат медиумите во Германија.

Причината за тоа е многу добро позната, контраверзното реми и погодокот на Германците од пенал кој го дадоа за да дојдат до истото, откако околу 10 минути судиската двојка Миндаугас Гателис и Ваидас Мажеика ги прегледуваше снимките по што беше утврдено дека неприпосно играл Блаж Благотиншек за што доби црвен картон.

Оваа ситуација донесе огромни тензии, драма на теренот, Словенците не можеа да поверуваат што им се случува, а Вујовиќ во свој стил имаше шоу.

Германските медиуми неофицијално пренесуваат оти ЕХФ има спремено казни за литванските арбитри како и за Веселин Вујовиќ.

Наводно судиите ќе бидат суспенцирани до крајот на ЕП, а Вујовиќ ќе биде исфрен од шампионатот поради неговите зборови по натпреварот и обидот тој да застане на голот на Словенија и да го брани досеудениот пенал за Германија.

-Сакав да направам зафрканција, некое шоу. Тие веќе и направија циркуз од ракометот, па зошто и јас не би се приклучил. Овој спорт го направија смешен зошто го водат дебили, порача Вујо.

Коронавирус