петок, 16. април 2021. Вести денес: 150
home Ракомет

ЕХФ одлучи – службена победа за Вардар со Флензбург и бод за ПСЖ

ЕХФ одлучи – службена победа за Вардар со Флензбург и бод за ПСЖ

Македонскиот ракометен шампион Вардар доби бодови на маса од Европската куќа на ракометот (ЕХФ) за натпреварите кои не ги одигра во предвидениот термин. Станува збор  за мечот против Флензбург и два против ПСЖ.

РК Вардар дојде до победа над Флензбург за недогираниот меч во Германија, а добија еден бод и од средбата против ПСЖ во Париз, кој два пати се одложуваше.

Од третиот меч против ПСЖ, Вардар не доби ништо, односно победата му беше доделена на францускиот тим.

Од останатите мечеви во Лигата на шампионите во групата А, ПИК Сегед доби бодови за дуелот со Елверум, додека Порто доби полн плен од мечот со Флензбург. Од групата Б, Мотор Запорожје службено го победи Кил.

Коронавирус