среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 32
home Ракомет

ЕХФ ни го „смести“: Нема да имаме ни 24 часа одмор помеѓу вториот и третиот натпревар

ЕХФ ни го „смести“: Нема да имаме ни 24 часа одмор помеѓу вториот и третиот натпревар

Европската ракометна федерација ги објави термините во кои ќе се игра во втората фаза, во вараждинската група 2.

Против Шпанците, в недела почнува во вечерниот термин, во 20.30 часот, а истиот термин го имаме и за натрпреварот против Чешка, во вторник (23 јануари).

Проблемот е токму тука, играме веднаш и наредниот ден и тоа против Данска. Тој меч е предвиден за 18.15 часот, што значи македонските ракометари нема да имаат ни 24 часа одмор меѓу тие два натпревара, пишува порталот sport1.mk.

Македонија почнува како најдобра во групата во Вараждин, со три бода, пред Шпанија, Данска, Германија и Чешка со два и пред Словенија со еден. Првите две места во оваа група се пласираат во полуфинале, третото игра за петта позиција на вкупниот поредок на првенството.

Коронавирус