четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 85
home Ракомет

ЕХФ: Македонија е трета ракометна сила во Европа

ЕХФ: Македонија е трета ракометна сила во Европа

Македонскиот машки клупски ракомет се најде на третото место на најновата листа која денеска ја објави Европската ракометна федерација (ЕХФ) и која се однесува за европските купови за натпреварувачката 2020/2021 година.

Пред нас се само Франција и Германија, а зад нас сите други.

Ние имаме 115 поени со што сме само зад Франција и Германија или тоа во случајов ни гарантира едно место во ЛШ и три во Европска ракометна лига (ЕХФ Купот се преименува).

За ваквиот изглед на табелата најзаслужен е Вардар кој во последните три години играше на фајнл-фор турнирот во Келн, а двапати беше Шампион на Европа.