вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 126
home Ракомет

ЕХФ го зголеми наградниот фонд: Европскиот шампион ќе инкасира милион евра!

ЕХФ го зголеми наградниот фонд: Европскиот шампион ќе инкасира милион евра!

Европската куќа на ракометот (ЕХФ) од наредната сезона двојно ќе го зголеми наградниот фонд во Лигата на шампионите, со што клубовите – учесници конечно ќе можат да дојдат до некоја пристојна парична сума, особено оние кои ќе бидат дел од Ф4 – турнирот.

Според финансиите, парите нема да бидат распределени на 28 дела како што беше до сега, туку на 16. Тие клубови ќе бидат значително привилегирани во однос на другите. Сите ќе добијат по гарантирани 210.000 евра за учество, односно секој гостински тим од групната фаза па се до четвртфиналето ќе заработи по 30.000 евра.

Исто така ќе се добива и по 5.000 евра за поени во групната фаза. Во плејофот поени ќе носат 7.500 евра, додека победа во четвртфиналето ќе носи 10.000 евра. 30.000 евра ќе добијат најдобропласираните две екипи во секоја група. Секој учесник на Ф4 ќе добие по 50.000 евра. Воедно, учесниците на завршницата во ЛШ ќе поделат вкупно 800.000 евра, а победникот ќе добие премија од еден милион евра.

Од учесниците на Ф4 и гореспоменатите 800.000 евра, второпласираниот ќе добие 38,3% од сумата, за третопласираниот ќе има 33,3% од средствата, додека четвртопласираниот на завршницата ќе добие 28,3% од премијата.

Покрај кај мажите, најавено е зголемување на премиите ќе има и кај дамите.