среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Ракомет

ЕХФ го избриша Вардар од првата десетка на европскиот ракомет!

ЕХФ го избриша Вардар од првата десетка на европскиот ракомет!

Европскиот шампион Вардар скапо ги плаќа убедливите порази од Кил (20-31) и Веспрем (30-39) во Лигата на шампиони, откако на најновата листа на Европската куќа на ракометот (ЕХФ), „црвено-црните“ не се ниту во топ-10 најдобри екипи сезонава.

Според најновата листа на ЕХФ, на првата позиција се наоѓа екипата на Кил, а потоа следуваат Барселона, ПСЖ, Аалборг, Монпелје, Пик Сегед, Веспрем, Бидасоа, Порто и Динамо Букурешт.

Вардар во групата Б на елитното натпреварување во моментов се наоѓа на четвртото место со шест бода, односно три зад лидерот Кил, а следниот меч „црвено-црните“ го играат против Мешков Брест во Скопје на трети ноември.