недела, 5. јули 2020. Вести денес: 138
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Ракомет

ЕХФ ги казни Вардар и Киелце

ЕХФ ги казни Вардар и Киелце

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги казни Киелце и Вардар поради инцидентите што се случија на нивниот меѓусебен дуел во Полска од Лигата на шампионите на 14 октомври.

Киелце ќе треба да плати казна од 5.000 евра поради неспортско однесување на играчите и официјалните лица за време на мечот, како и дополнителна казна од 2.500 евра поради лошо обезбедување. Казна од 7.500 евра полскиот тим ќе плати и за навредлив банер, со идеолошка порака, истакнат од страна на фановите на домаќинот.

Македонскиот тим доби казна од 6.000 евра поради неспортско однесување на играчите и стручниот штаб, а истовремено се зема предвид и дека ракометар кој бил суспендиран, ги напуштил трибините и се обидел да влезе на терен за време на турканиците на двете екипи.

Жалба на овие одлуки на ЕХФ може да се поднесе во рок од седум дена.

МИА

Парламентарни избори 2020