петок, 25. септември 2020. Вести денес: 181
home Ракомет

ЕХФ ги дефинира термините: Четврток е ден за Вардар во ЛШ!

ЕХФ ги дефинира термините: Четврток е ден за Вардар во ЛШ!

Европската ракометна федерација ги објави конечните термини за натпреварите од Лигата на шампионите, која во новата сезона ќе има малку променет формат и целосно нови денови за играње.

Нема повеќе сабота и недела, сега термините за ракометната Лига на шампионите се среда и четврток, а два фиксни термина се 18.45 и 20.45. Од десетте натпревари кои му претстојат на Вардар во есенската полусезона, мнозинството се во четврток од 20 часот и 45 минути. Исклучок е токму првиот, на гости кај Мешков Брест, кој е закажан за 16 септември, среда, од 18:45.

Следните шест кола се играат во четврток, без разлика дома или на гости, а останува единствено да се прецизира гостувањето кај Кјелце, кое треба да се случи на 25 или на 26 ноември. Полусезоната ќе заврши најдоцна досега, на 10 декември, дома против ПСЖ со Раул Гонзалес и Даинис Криштопанс.

ТЕРМИНИ ЗА ЛШ

1 коло – 16 септември
Мешков Брест – Вардар 18,45 ч.

2 коло – 24 септември
Вардар – Елверум 20,45 ч.

3 коло – 1 октомври
ПИК Сегед – Вардар 18,45 ч.

4 коло – 15 октомври
Вардар – Флензбург 20,45 ч.

5 коло – 22 октомври
Вардар – Порто 20,45 ч.

6 коло – 29 октомври
ПСЖ – Вардар 20,45 ч.

7 коло – 19 ноември
Вардар – Кјелце 18,45 ч.

8 коло – 25/26 ноември
Кјелце – Вардар

9 коло – 3 декември
Порто – Вардар 20,45 ч.

10 коло – 10 декември
Вардар – ПСЖ 20,45 ч.

Коронавирус